Го видов претседателот Путин, немавме билатерална средба, разговаравме накратко, тој имаше важна и долга средба со Ши, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија, во изјава за српските новинари во Пекинг, каде што учествува на меѓународен економски и политички форум „Појас и пат“.
Претседателот на Србија тогаш напомена дека тој самиот разговарал со Орбан, но за претстојната седница на Европскиот совет „што е важна за нас“ и
„игрите што се играат таму“, а потоа продолжи во изјавата на тема сертификати за српските јаболка и извозот на малини и овошје.
Вучиќ оцени дека имал исклучително пријателски разговор со кинескиот претседател Ши Џинпинг за сите важни теми, пренесе РТС.
Како што рече, разговарале за Косово, за почитување на меѓународните правни норми и низ што поминува Србија и за примена на двојни стандарди, „непочитување на Повелбата на ОН и резолуцијата 1244“.