Сообраќаен инцидент вчера се случил на патот Виница – Берово, објави телевизија Мнет.
Поради одрони на патот на автомобил пукнале две гуми. Граѓаните со реакција.
„Имаше кола од другата страна, немав каде и најголемиот камен го погодив.
Почнавме да рипаме и тука двете гуми пукнаа. Ние сме од Велес, темница е, кај да одиме сега.
Оваа држава што го прави не е убаво, кај го има ова. Треба мерки да се преземат. Камења паѓаат од ридот никој не иде, се жалиме секаде“, велат граѓаните.
Сообраќајот се одвива отежнато во една коловозна лента.