Протестите за повисоки плати и пензии немаше да се случат доколку многу порано се намалеа платите на функционерите

Во исчекување на најавеното решение за функционерските плати, познавачите на состојбите излегоа со неколку сугестии, а заедничка основа на сите е потребата од долгорочен модел, и тоа во пошироки рамки, објавува Локално.

Тргнувајќи од примесата дека иницијалниот мотив е желбата да се покаже солидарност со граѓаните чиј животен стандард се повеќе тоне, дел од експертите изразуваат сомнеж дека работите ќе се решат со закон кој што ќе се однесува само за избраните и именуваните функционерите кои добија зголемување врз основа на Одлуката на Уставниот суд.

Оттука, според професорот Борче Давитковски станува збор само за палијативно, времено решение што за кратко време пак ќе предизвика криза.

-Конечно во оваа држава треба да се донесе единствен Закон за плати, во кој ќе се предвиди најниската (минимална или просечна) плата и највисоката плата (која ќе се добие врз основа на коефициентот за пондерирање кој вообичаено е 4 и 5) што ќе се исплаќа од Буџетот на државата.

На овој начин долгорочно ќе се знае, согласно коефициентот колку ќе изнесува и зголемува платата во споредба со минималната или просечната плата кои се променливи категории, вели професорот Давитковски за Локално.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде