28-годишна девојка со тешки повреди итно префрлена во болница откако се преврте со автомобил

Дваесет и осумгодишна девојка од Гевгелија е тешко повредена во сообраќајна несреќа кога автомобилот во кој се превезувала излетал од патот.

Според информациите од полицијата, возилото го управувал Б. Н. (56) од Гевгелија, а несреќата се случила на регионалниот пат село Николиќ – Нов Дојран.

„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката В. Н. (28) од Гевгелија, констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија“, велат од МВР.

Извршен бил увид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде