Доаѓа големо затоплување на времети и летни температури, објави Славчо Попоски на својот Фејсбук профил.
Во продолжение прогнозата на Метео центар:
До сабота претпладне ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на утринската и дневната температура. Во сабота попладне и во недела претежно во западните делови од земјата ќе има појава на повремен дожд, наместа пороен и со појава на ретки грмежи.
Прогноза за 20.10.2023
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 22°C до 29°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 21.10.2023
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 22°C до 28°C
Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пороен и со услови за ретки грмежи.
Прогноза за 22.10.2023
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 20°C до 26°C
Променливо облачно и топло, од претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.