Ковачевски испрати јасна порака до пензионерите: Ја имате целата наша почит и поддршка, пензиите ќе продолжат да растат

Ја имате целата наша почит и поддршка. Нашата отворена и редовна комуникација со пензионерите продолжува, бидејќи ние не бегаме од проблемите туку наоѓаме решенија.

СДСМ ги покачи пензиите за 24% за само година и половина, и пензиите ќе растат и понатаму, нашата цел е да обезбедиме достоен и пристоен живот за секој пензионер, порача претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски денеска на средба со пензионери од општина Карпош.

– Никој не треба и не смее да манипулира со пензионерите, нашите највозрасни сограѓани кои ја граделе оваа држава треба да имаат услови за достоинствен живот, а ние како Влада и парламентарно мнозинство тоа им го овозможуваме.

Затоа, ќе продолжиме со вистинска грижа за нашите сограѓани пензионери. Не само во однос на пензиите, туку и во другите политики.

Ние ги разбираме потребите на пензионерите и подготвени сме да разговараме за сите нивни барања. Подготвуваме и нов пакет на мерки за помош, за којшто дополнително ќе информираме.

Конечно, нашата цел за европска држава, значи и европски животен стандард но и европски пензии. А тоа е можно само со СДСМ, рече Ковачевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде