Тажна вест: Почина познатиот македонски бизнисмен и голем хуманист

На 43-годишна возраст, како последица на повреди здобиени во сообраќајна несреќа во населбата Варош,

вчера попладне животот го загуби сопственикот на “Авто Контрол”, Љупчо Перканоски, објави Маркукуле.

Перканоски беше сопруг и татко на две деца, голем човек, хуманист и почитуван млад бизнисмен, не само во Прилеп, туку и во целата држава.

Со неговата упорност и трудољубивост, Перканоски успеа неговата автомеханичарска работилница да ја претвори во еден од најуспешните бизниси во Прилеп, но и во една од најдобрите македонски компании во оваа област

Заедно со неговаата сопруга Даниела, плодовите од својот успех несебично ги споделуваа со заедницата и направија од “Авто Контрол” една од најголемите општествено одговорни компании.

Донираа во образование, култура, медиуми, луѓе на кои им беше потребна помош.

Неговото прерано заминување го потресе целиот град и предизвика тага и негодување. Погребот ќе се одржи денеска на новите градски гробишта во Прилеп, во 15:30ч.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде