Загарантирано вработување на 500 најдобри дипломирани студенти на универзитетите во Македонија, државата да обезбеди редовен работен однос,
ова го изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како одговор на новинарско прашање.
-Да ги повториме нашите ветувања за 0 персонален данок за млади луѓе до 29 години, да се потсетиме на оние домови за млади брачни парови, да зборуваме за квалитетно високо образование и најмалку еден универзитет во првите 500тини според Шангајската ранг листа.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ мора многу да работиме на семејството како вредност.
Затоа е многу важно младите луѓе да си ги задржиме дома и да ги охрабруваме младите луѓе да создаваат семејства.
Како идна Влада се ќе направиме младите луѓе своите семејства да ги формираат тука во Македонија и тие семејства да бидат што е можно повеќедетни, појасни Мицкоски.