ИТ инженерите и натаму имаат највисоки плати во земјава.
Нините примања во август се зголемиле за дури 10,7 проценти во однос на август 2022 година.
Во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејност просекот е 92.464 денари. На второ место е „Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“.
Во оваа дејност просекот е 57.954 денари, а годишниот раст е 14,8 проценти.
Според Државниот завод за статистика (ДЗС) во август просечната нето плата изнесувала 36.390 денари. Ова е раст на просекот за 0,3 проценти, или за 104 денари во однос на август кога изнесуваше 36.286 денари.