Пензионерите загрижени како ќе ја поминат зимата: Плаќаме 100 евра за метар кубен дрва

Намалувањето на температурите, особено во вечерните часови, натера многумина уште сега да се погрижат за начинот на греење.

Цените на дрвата за огрев се движат од 75 до 80 евра за метар кубен, додека тон пелети чини од 240 до 330 евра.

Граѓаните се загрижени за високите цени на дрвата, но и за високата цена на струјата, бидејќи повеќето од нив се греат на струја.

„На струја е скапо, штедиме малку по малку пошто сме сами. Не е поекономично, но на нас старите ни е полесно и има помалку работа“.

„Да, земав. Метро дрва чини 80 евра, ако се сече е близу 100 евра за метар. Да, многу скапо, за пензионер. Има пензионери со 12 илјади денари“.

„Со дрва немаш сметка бидејќи е 85 евра, 90 евра, 100 евра. Но, кога немате ништо, тоа е уште полошо. Јас сум пензионер и знаете што можете да направите со македонската пензија.

Земав околу 4 метри, можеби ќе излеземе на крај до пролет, но да земеш 10 метри дрва за овде се многу пари, бидејќи тие што имаат добри плати се греат на струја, на нафта“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде