Најнова вест: Познат идентитетот на жената која ја нападна Елена Ристеска

Од МВР се огласија во врска со инцидентот со нашата позната пејачка Елена Ристеска која беше физички нападната во ноќен клуб во центарот на Скопје изминатиот викенд. 

Оттаму велат дека вчера полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Т.П. (38) од Скопје постапувајќи по пријава од Е.Р. (37) од Скопје дека на 23.10.2023 во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била нападната од Е.Т.П.. Со Е.Т.П. е извршен службен разговор и таа го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот.

– По документирање на случајот, против Е.Т.П. е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од КЗ и е предадена на ОЈО Скопје, информираа од полицијата, велат од МВР за Скопје Инфо. 

Поп-пејачката Ристеска на социјалните мрежи потврди дека  избегнала обид за напад со тврд предмет во скопскиот ноќен клуб „Интермецо“. 

– После 21 година кариера,  градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.

И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, кажа Ристеска. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде