Најнова метео прогноза на Славчо Попоски: Еве какво време не очекува во следните денови

Под влијание на влажен воздушен бран од запад, до петок времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните предели и таму локално врнежите ќе бидат поинтензивни.

До петок во западните предели локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог.

„Локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  И понатаму ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. 

Во Скопје  и околината исто така ќе има услови за повремени врнежи од дожд, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. 

Поради силното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија се врши позначителен транспорт на прашина и песок, па така и атмосферата е многу заматена, а дождот кој се очекува ќе биде валкан. 

За време на викендот пак ќе имаме стабилно и суво време со повеќе сонце, особено во недела. Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие можно е да се искачат и до 28 степени“, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Барем засега нема никаква најава за поголемо заладување на времето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде