Објавени нови фотографии од лицето кое пукаше во Ист Гејт

„Фокус“ обезбеди нови фотографии од пукачот  кој вчера попладне го рани Раде Трајковски – Штекли и неговиот соработник со прекар Колумбо во трговскиот центар „Ист гејт“.

Според фотографиите кои ги објави Фокус, лицето лабаво седи во кладилница во трговскиот центар и воопшто не се крие.

Непосредно по пукањето на социјалните мрежи излезе снимка од безбедносните камери каде се гледа моментот на нападот.

Штекли и Колумбо се спуштаат по елеваторот надолу кон гаражите, а лицето стрела кон нив одозгора.

Во моментот на пукањето трговскиот центар бил полн со случајни посетители кои лесно можеа да станат мета на напаѓачот со оглед на тоашто имаше луѓе и на неколку метри од ранетите.

Фото: Фокус

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде