Проектот МОЈ ДДВ продолжува. Граѓаните кои скенираа сметките во изминатото тромесечие ќе добијат по максимални 2.100 денари од лице поврат од ДДВ во текот на ноември, за месеците јули, август и септември.
Преку проектот МОЈ ДДВ граѓаните почнаа масовно да бараат фискални сметки од компаниите, со што се зголеми наплатата на ДДВ.
Од оваа година лимитот на МОЈ ДДВ беше подигнат од 1800 на 2100 денари по лице за едно тромесечие,
што значи дека за еден ваков период едно четиричлено семејство може да добие 8.400 денари или 33.600 денари на годишно ниво.
Фискалните сметки кои соддржат домашни производи обезбедуваат 20% поврат на ДДВ-то, додека со артиклите кои не се од домашно производство се враќаат 10% од наплатениот данок.