Пристигна убава вест: Проверете ги сметките, започна исплатата на Мој ДДВ

Еден од најуспешните проекти е МојДДВ, сосема си го оправда своето постоење, рече денеска заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во гостување за Националната телевизија (МТВ).

-Еден од најуспешните проекти е МојДДВ, сосема си го оправда своето постоење. Од денес почнуваме со исплата за претходното тромесечје.

За третото тромесечје од 2023 година, повратот ќе биде околу 790 милиони денари, а ќе се однесува на 459.670 граѓани, корисници на оваа мерка.

Бројката на корисници се зголемува и им благодарам на граѓаните кои се наши инспектори кои што пријавуваат и овозможуваат да се бориме со сивата економија, рече Лукаревска.

За МТВ Лукаревска посочи дека повратот на ДДВ може да биде и повисок од моменталниот од 2.100 денари, односно тој постепено да се зголемува.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде