Тасевски со жестока порака до Рамадани: Ви пречи што ние Македонците, нешто нон стоп Албанците ова Албанците она…eве зошто немаме доверба во Албанците

Го видов скандалот на Само вистина со Рамадани.

Се запознав лично во 2016 со него кога ми честиташе за еден говор што го одржав во А.Палас. Мислеше сум некој нов млад политичар во подем, не знаеше дека сум глумец. Се збуни кога му кажав.

Нејсе, да му се обратам за она вчера.

Со сета почит што ја имам кон него.

Рамадани вие сте гостин во емисија. Не смеете да му се мешате на новинарот како да ја води емисијата, како да зборува, какви прашања да поставува. Особено кога се работи за добар новинар, чист ко солза, во етичка и морална смисла. Добро воспитан од дома.

Ви пречи што ние Македонците, нешто нон стоп Албанците ова Албанците она…

Зошто немаме доверба во Албанците?

Ајде со ред…

А списокот е долг. И нема да се враќам до УЧк и Мавровските работници и оние кои им пишуваа со ножеви по грбовите и не беа дадени во Хаг, како и оние кои ги избркаа Македонците од Арачиново и други места, кои ја исклучуваа водата за кумановци во 2001.. Наместо во Хаг, влегоа во парламентот преку ДУИ, станаа директори, министри, а некои уште се на функции. Остави тоа.

Македонците ги боли и друго.

Што излеговте да гласате за промена на името на македонската држава.

Кој ви даде право да одлучувате во име на мнозинството Македонци и да им го менувате името?

Кој ви дава право да влегувате во преговори со Бугарите, да играте на нивна страна за да ги побугарчите Македонците.

Кој ви дава право да бидете дел од таа пропаганда да,се убедат Македонците да ги прифатат нецивилизациските антиевропски уцени на Бугарија?

На голем митинг на кој беше повикан странски премиер, и во негова чест веевте знамиња на Голема Албанија.

Албанец вицепремиерот, леташе орли со рачињата јавно на тв медиуми, што е навредливо за Македонците. Симбол на тој подивеан албански етнофашизам што го криете пред меѓународната јавност. Оти вие сте на место. Ние Македонците сме националисти и никакви.

Истиот тој вицепремиер рече дека Кичево е воен плен од 2001 и дека Албанец градоначалник никогаш Кичево нема да има.

Па дедо ми Стојан е двапати ранет од балистите кај Колари и Зајас во кичевско во 1944 година. Таа земја во кичевско е натопена и од неговата крв Рамадани.

Колку мене ме ме боли ко ќе го чујам Груби премиерот дека Кичево е воен плен.

Изгледа пак ќе треба да го ослободувама, а Рамадани?

И да не зборувам за вашето умешно играње на улогата жртва.

Штом Македонците за нешто се обидат да ви префрлат, одма скокате колективно, облекувате војнички чизми се заканувате со војна и вака по емисии не нарекувате националисти и ни кажувате како треба.

Ја сфаќаме ние реалноста Рамадани, затоа сме ѓаволски исплашени од сите хиени околу нас што сакаат да не поништат како народ, а нема кој да бе заштити, зашто најдолниот квислинзи ги претставуваат Македонците во власта.

Извини вака Рамадани. Ништо лично. Ќе ми биде многу мило ако те видам негде низ градов и срдечно ќе те поздравам. И биди жив што подолго, но она што вчера го кажа не беше во ред. Ние очигледно не можеме заедно. Живееме во лош брак Македонците и Албанците. Многу лош и токсичен. И се додека глумиме дека сме заедно, држава нема да имаме. Ќе мора пак да дојде до нешто што никој не го сака.

Свесен си за тоа така?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде