ФБ објава на Јорданка Ивановска Јоци:
Кој е планот на СДСМ за изборите, бидејќи знаат – потонати се? Кога велам ,,потонати” ни сами не се свесни дека ќе паднат под 250.00 гласови.
Едниот план им пропадна заедно со ДУИ, хаха, а тоа беше оживување на аболицијата за Н.Груевски пред Врховен суд.
Враќање на Груевски, како што кажав, им е карта да направат поделба во десниот блок и кај гласачкото тело пред избори.
Адвокатот го повлече барањето.
А веќе е кратко времето и по Н.Година ќе почнат кампањи. Во февруари ќе се знаат кандидатите.
Математиката на СДСМ/ДУИ за #Претседателски_избори е следна-
СДСМ – 330.000 гласови [толку имаа во прв круг во 2019] плус 100.000 на ДУИ плус околу 50.000 на Алијанса, БЕСА, Алтернатива [гласови кои се растур сарма по расколите].
Ова си го нарекуваат ЕВРОПСКИ БЛОК – СДСМ ВО КОАЛИЦИЈА СО АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ.
Вкупно, се надеваат дека нивниот заеднички кандидат би освоил горе- доле, 450.000.
Матриксот на Бихаќка, хаха. Не им текнува дека ќе имаме сега ЕДИНСТВЕНА СИТУАЦИЈА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ – РЕВОЛТОТ КОН ВЛАСТА ГО ДОСТИГНУВА ПИКОТ. Притоа, само три месеци ги делат Претседателски од Парламентарни.
Револт акумулиран од корупции СДСМ/ДУИ и испуштање на сите конци.
Што е смешното?
Нивната математика се базира на 2019, бројки пред пет години, хаха.
На Бихаќка си живеат во #матрикс.
Не се свесни колку, оттогаш до денеска, македонскиот народ револтиран, гневен и дека на избори ќе експлодира.
И убедени се дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ нема шанси да го повтори успехот на Ѓ.Иванов од 2014 кога освои #534.000 во втор круг.
Хаха.
Само нека се надеваат…хаха.
Затоа и имено прават куп сценарија за Груевски да се врати – за да им помогне во нивниот најголем страв – победа на вмровскиот кандидат со натфрлање над 500.000 гласови.