Поради поплавите кои денеска ја зафатија Грција, запрени се возовите.
Полицијата денеска затвори дел од автопатот меѓу Атина и Патра, јавува грчкиот информативен портал „Екатимерини“.
Затворена е лентата на новиот автопат кон Атина во регионот Елајонас.
Стариот национален пат меѓу Атина и Патра е затворен во двата правци во истото подрачје, а сообраќајот е пренасочен поради невремето.
Во септември годинава имаше невреме во Грција.