Муамеди: Рамадани, кој профитира од Македонците, да се жали за дискриминација е исто како Заев да каже бил дискриминиран од Албанците

Ликови како Исмет Рамадани, Мерсељ Биљали, Алберт Муслиу итн, имат најмалку право од сите Албанци да говорат за некаква си дискриминација, вели правникот од Скопје, Ујмер Муамеди.

– Тие од грбот на Македонците имат профитирано повеќе од било кој Албанец.

Тоа е исто како (Зоран) Заев да каже дека бил дискриминиран од Албанците, објави Муамеди на својот профил на Фејсбук.

Неговиот коментар се однесува во врска со вчерашниот инцидент во ТВ Канал 5 каде беше гостин и Рамадани,

кој се пожали на дискриминација, по што денеска има бурна полемика околу тоа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде