Тажна вест: Почина жената на која и се слоши на концертот на Калиопи

Трагедија на концертот на македонската пејачка во Белград.

Последните информации кои ги јавуваат српските медиуми се дека жената на која ѝ се слошило пред почетокот на концерот, вечерва починала.

– Македонската пејачка Калиопи вечерва требаше да одржи концерт во салата на МТС, но на самиот почеток на вечерта се одвиваше драма.

Една жена, на која и се слоши на почетокот на концертот, почина во концертната сала, објави Мондо.рс.

На неименувана жена на возраст од околу 70 години, која на концертот дошла во придружба на нејзината ќерка и пријатели, и се слошило непосредно пред почетокот на концертот, по што била повикана брза помош.

Салата била испразнета за да и помогнат лекарите на жената, наводно била извршена реанимација, но за жал таа починала.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде