Вознемирувачки фотографии од вечерашната трагедија на патот Битола-Ресен пристигнаа до редакцијата на 4NEWS.mk. Како што веќе објавивме едно лице го загуби животот.
Патниот правец е во целосен прекин, а лице место присутни се екипи на Брза помош, полиција и пожарна. Дежурен јавен обвинител врши увид, се испитуваат причините за оваа трагедија како и условите на патот.
Од битолската полиција информираа дека во 19 часот и 32 минути до нив е пријавено за сообраќајна несреќа во близина на село Братиндол.
„Сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „вмв” со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од с.Езерани,ресенско и сопатник К.Ш.(25)од с.Царев двор,ресенско и патничко возило „рено клио”со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(50) од Охрид и сопатничка Н.С.(55) од Охрид“, стои во соопштението од СВР Битола.
Од страна на Доктор во Клиничката болница во Битола, кај лицето Г.С констатирана е смрт како последица од повредите, а додека кај сопатниците констатирани се повреди.
Увидот го врши увидната екипа на СВР Битола, соопшти портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова.