Според порталот за потрошувачи на Сојузната канцеларија за заштита на потрошувачите и безбедност на храната во Германија, во производот „Хот чип предизвик“ се пронајдени многу флуктуирачки, а понекогаш и екстремно високи нивоа на капсаицин,
супстанца од лутите пиперки. Нивното консумирање може да доведе до здравствени проблеми како што се иритација на кожата и мукозните мембрани, гадење и повраќање или проблеми со дишењето.
Се повлекуваат производи со рок на употреба до 13 јули 2024 година, 28 јули 2024 година, 8 декември 2024 година, 10 декември 2024 година, 31 декември 2024 година и 5 јануари 2025 година во германските покраини Хесен, Баден-Виртемберг, Баварија, Рајнска област, Северна Рајна-Вестфалија, Долна Саксонија, Бремен, Шлезвиг-Холштајн, Берлин, Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија.
Драстичната мерка во Германија беше активирана кога две тинејџерки завршија во болница откако конзумираа чипс за време на предизвик на TikTok. Во САД почина 14-годишник откако го изел истиот чипс.
На TikTok и Instagram многу деца и млади учествуваат на овој „тест на храброст“ во кој јадат чипс „Hot Chip Challenge“, пишува Feniks Magazine.