Падна рекорд: Кочанчанец е најпијаниот возач во Македонија откако се мери алкохол во крвта

Кочанчанец го држи рекордот во Македонија по количина на алкохол во крвта која е откриена од страна на сообраќајната полиција. Тој го возел своето возило со цели 5,31 промили, иако нашиот закон дозволува 0,5.

Кочанчанецот и покрај тоа што имал десет пати повеќе алкохол во крвта го возел својот автомобил. За разлика од кај нас, во ЕУ количината која е дозволена е различна.

Во некои држави не се толерира алкохол, а во други максималната дозволена количина е до 0,5 промили.

Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ ја потврдија информацијата дека најпијаниот возач бил од Кочани.

Од таму велат дека согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата полицискиот службеник на самото место привремено ќе го исклучи од сообраќај и ќе му ја одземе возачката дозвола на возачот, кај кого ќе утврди дека во организмот има алкохол или дека покажува знаци на алкохолно растројство, како и кон возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол.

-Ако постои основано сомнение дека возачот ќе продолжи со вршење на прекршокот, полицискиот службеник може возачот да го задржи во полициска станица до отрезнување најдолго до 12 часа. Најмногу прекршоци под дејство на алкохол се констатирани на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Скопје и Битола- велат во МВР.

Целиот текст ТУКА

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде