Неодамна почина синот на легендарниот српски хармоникаш Мирко Кодиќ кој имаше само 30 години, јави порталот Блиц кој пишува дека младиот човек починал во сон, а причината за смртта се уште не е позната.
Мирко е нем од болка и тага поради ненадејната смрт на неговото дете Александар кој синоќа легнал да спие и не се разбудил.
Хармоникашот Мирко, еден од најпознатите на просторите на цела бивша Југославија од првиот брак го добил синот Александар, а пред три години беше откриено дека неговиот наследник бил вработен како шанкер во ресторан во Врачар, лоциран во близина на црквата Свети Сава, која е во сопственост на познатиот српски кошаркар Дејан Бодирога.
Мирко потоа ги потврди овие наводи и нагласи колку е горд на својот син.
„Точно е дека Александар работи како шанкер на кошаркарот Дејан Бодирога во ексклузивен ресторан во Врачар. Горд сум на него колку е добар и вреден“, изјави тогаш Кодич за Курир.
Хармоникашот се женел три пати. Покрај Александар, од претходните бракови го има и синот Владимир, а со последната сопруга Силвија ја има ќерката Ребека која е пејачка.
Музичкиот талент неговата ќерка го наследила од нејзиниот татко. Мирко во едно од интервјуата истакна дека е пресреќен поради семејството.
Инаку, Мирко Кодиќ е српски хармоникаш, композитор и аранжер кој соработувал со многу популарни пејачи на народна музика.
Во својата досегашна кариера има издадено десетина студиски албуми во кои доминираат нумерите кои самиот ги компонирал и аранжирал. Роден е на 29 ноември 1957 година во Јасеново кај Свилањец.
Живее во Белград со сопругата Силвија. Неговите родители многу рано го откриле неговиот талент за музика и му ја купиле првата хармоника.