На 09.11.2023 во 08.30 часот полициски службеници во место викано „Линако“, атар на Берово, го лишиле од слобода О.К.(33) од Берово.
Според пријавеното, околу 02.00 часот во семејната куќа на Д.Т.(67) и Д.Т.(41) во Берово, татко и син,
поради нерасчистени должничко – доверителски односи, О.К.(33) и Б.К.(30) со употреба на сила влегле и физички го нападнале синот, при што употребиле остар предмет, а таткото го однеле со возило.
Полициски службеници по преземени мерки и активности го пронашле Д.Т.(67).
Извршен е увид, запознат е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.