„Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата. 3.5% последната инфлација, последниот месец“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.
Тој додаде дека минатата година во октомври инфлацијата беше 19.8 отсто, со што намалувањето на само 3,5 е сериозно.
„За година дена да стигнете до 3.5% значи дека има сет на мерки кои се преземаат за да се спушти. Зголемувањето на цените во малопродажба е само 1% во последниот месец, тоа значи дека нема промена на цени“ заклучи Битиќи.
Како што беше најавено, новиот пакет антикризни мерки ќе биде објавен и ќе стапи на сила од средината или крајот на наредната недела.
Вицепремерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вели дека до 2017 година над 240 илјади пензионери земаа под 14 илјади денари, а денес 106 илјади добиваат таква пензија, а овие другите 130.000 веќе добиваат пензии скоро до просечна пензија.
– За минимална пензија се прават последните анализи дали има услови и што тоа ќе значи за пензискиот фонд. За жал, ние кога ги анализираме често забораваме колкав е бројот на пензионери кои биле под некоја претпоставена минимална пензија – рече Битиќи.
Тој најави дека со последниот пакет мерки сите пензионери од ранливите категории ќе имаат дополнителна помош и додаде дека пензионерите од ранливите категории ваква помош ќе добиваат најмалку до април месец идната година.
– Се грижиме за тие што се во пензискиот фонд. Наредната недела мислам дека ќе сме готови со антикризните мерки и одлуката е дека ќе бидат опфатени сите пензионери од ранливите категории на пензии до просечна плата со дополнителна помош која ќе им биде дадена во наредните неколку месеци.
Ние направивме неколку категории на пензионери, пензионери под 14.000, кои што примаат до 14.000, до 16.000 и до 19.000 денари.
Овие ќе добијат дополнителен финансиски додаток како што работната група преговараше. Ќе добијат фиксен додаток – рече Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека различните категории ќе добијат различни износи на помош и исто така кажа дека се продолжува со мерката енергетски додаток за ранливите категории за социјалните пензии.