Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен објект во селото Требеништа, Општина Дебрца.
– Станува збор за индивидуален објект, во распламтена фаза.
При самата интервенција се извлечени две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен.
Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице, информираат од Територијалната противпожарна единица Охрид.
Извор: Охрид прес