Убава вест за пензионерите со најниски пензии: Познато колку месеци ќе добиваат додаток на пензијата

Помошта нема да биде иста, туку ќе зависи од висината на пензиите – пензионери под 14.000, кои што примаат до 14.000, до 16.000 и до 19.000 денари. Овие ќе добијат дополнителен финансиски додаток.

Сите пензионери од ранливите категории ќе добиваат фиксен паричен додаток , најверојатно шест месеци. Ова го најави вицепремиерот Фатмир Битиќи, во вчерашното гостување на „Утрински печат“,

кој рече дека оваа финансиска помош ќе биде дел од антикризните мерки кои се очекува да бидат обелоденети наредната недела од страна на Владата. Помошта за пензионерите ќе биде најверојатно до април 2024 година.

Битиќи појасни дека со новиот пакет мерки ќе бидат опфатени сите пензионери од ранливите категории на пензии, односно оние кои примаат пониски пензии од просечната во земјава, а која што изнесува нешто над 19 илјади денари.

„Ние направивме неколку категории на пензионери, пензионери под 14.000, кои што примаат до 14.000, до 16.000 и до 19.000 денари. Овие ќе добијат дополнителен финансиски додаток како што работната група преговараше. Ќе добијат фиксен додаток“, рече Битиќи.

Тој додаде дека висината на финансиската помош ќе биде различна за различните категории пензии.

Како дел од антикризните мерки предвидени се и средства како енергетски додаток за ранливите категории со социјални пензии.
Зборувајќи за барањата кои ги поставуваат пензионерите за воведување минимална пензија, вицепремиерот Битиќи рече дека се прават последните анализи околу тоа што тоа ќе значи за пензискиот фонд.

„За минимална пензија се прават последните анализи дали има услови и што тоа ќе значи за пензискиот фонд. За жал, ние кога ги анализираме често забораваме колкав е бројот на пензионери кои биле под некоја претпоставена минимална пензија“, рече Битиќи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде