Четириесет и петгодишна жена вчера е пронајдена почината во својот дом во Охрид.
„На 09.11.2023 година во 13.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом во Охрид била пронајдена почината С.П.(45) од Охрид.
Лекар од Итната медицинска помош од Охрид констатирал смрт без траги на насилство“, информираат од МВР.
Увид извршиле полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.