Пијан поштар во кафеана делел пари од пензии – гостите се степале кој да земе

Пијан поштар во кафеана делел пари од пензии – гостите се степале кој да земе

Поштар бил уапсен во Бјелина откако пијан почнал да дели пензии во кафана во овој град, а гостите се степале кој ќе земе повеќе пари.

Како што пренесуваат порталите од Република Српска, поштарот толку се напил во кафеана што во еден момент ја отворил торбата во која имал неподелени пензии и почнал да им дели пари на други гости.

Во еден момент дошло до расправија меѓу гостите и тепачка, а потоа во кафаната дошла полициска патрола и го однела поштарот во станица.

Инаку, поради овој инцидент, полицијата на информативен разговор го повикала и директорот на Пост Српска, работната единица во Бјелина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде