Поскапеа сендвичите во СЕДМИЦА – ова се новите цени

Сендвичарата Седмица на некој начин е симбол на скопскиот фаст фуд.

Со долгогодишната традиција и стандарден квалитет, Седмица на некој начин ги поставува условите на скопскиот фаст фуд пазар кој во последните години забрзано се развива.

Но инфлацијата и бранот поскапувања очигледно силно влијае врз овој бизнис па од пред неколку дена сендвичите во Седмица имаат нова цена, повисока за 20 денари. Сега, еден хамбургер чини 220 денари.

За очекување е по растот на цените во Седмица да скокнат и цените во другите сендвичари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде