Според извештаите, машината за пакување била нова во фабриката, а причината за овој немил настан се уште не е позната.
Единствен факт е дека Анила била професионален работник. Таа неодамна била унапредена и била поставена за заменик директор на компанијата.
Првата хипотеза е дека несреќата можеби е предизвикана од човечка грешка, според италијански извори, пренесува Fanpage.it.
Цервикалните пршлени на младата жена биле смачкани од машината, а моментално се води истрага за да се утврди зошто и како дошло до трагедијата.
Девојката живеела со семејството во Тревизо, а веќе некое време работела како работничка во прехранбената индустрија.
Членовите на семејството се видно потресени од ситуацијата што ги снашла, а за Анила имаат само убави зборови. Ја паметат како девојка со „долга, кадрава коса и светла насмевка која беше весела во животот и многу вредна како работничка“.
Полицијата започнала увид и реконструкција на настанот.
Според локалните медиуми, во текот на првите седум месеци од 2023 година, 559 луѓе го загубиле животот на работа во Италија, а Ломбардија е на првото место со 74 жртви.