Министерството за внатрешни синоќа ги демантира лагите кои некои лица ги пласираат преку социјалните мрежи за некакви наводни киднапери на деца.
На социјалните мрежи вчера масовно се споделува фотографија на која се наоѓаат пет лица, со текст дека истите се киднапери на деца и дека се наоѓаат на територија на Скопје и скопско.
-Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните.
Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните, велат од МВР.