21-годишен скопјанец е тешко повреден откако на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во него удрил автомобил.
Возачот кој ја предизвикал несреќата избегал од местото на настанот.
Момчето е пренесено во Комплескост клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше МВР.