Труење од плин е причината за смртта на 34-годишна жена од Битола чие тело било пронајдено во бањата од нејзиниот стан.
Екипата на итната помош, а потоа и на битолската болница не успеале да ја спасат жената.
Од полицијата информираат дека телото на битолчанката било пренесено во болницата без видливи траги на насилство.
По наредба на обвинител извршена е обдукција.