Прво провејување снег и на пониските места – најнова метео анализа

Како што стоеше во нашата сезонска анализа за претстојната зима 2023/2024, кон крајот на овој месец го очекуваме првиот снег и во градовите на Балканот, тоа, и тоа како ќе се оствари.

Веќе во вторник и во среда Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од нов бран на врнежи од запад и од северозапад.

Со продорот на студен воздух од север, особено во централните предели на Босна и Херцеговина, планинските предели на Црна Гора и во југозападните предели од соседна Србија ќе има нови врнежи од снег, но овој пат понекаде и на пониските места (градовите)

Не се исклучува можноста првите снегулки за оваа сезона да го посетат и главниот град на Босна, Сараево.

На планинските места ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри).

Во Македонија очекуваме претежно врнежи од дожд, а снег ќе има само на високите планини (околу и над 2000 метри надморска височина), но повремено снежната граница ќе се спушта и под 2000 метри. Станува збор за вторник и за среда.

Ново големо заладување и многу повеќе врнежи ќе има околу 25 ноември, па натаму во деновите потоа, како и во декември. Тогаш очекуваме многу снег на Балканот и во Македонија, како и вистинска снежна бајка.

Во деновите кои се пред нас температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од сега, но тоа нема долго да се задржи.

Ако мината година поминавме без снег, оваа година уште од ноември започнува снежната бајка и ќе ја има цела зима што ни претстои, не само во регионот, туку и во Македонија, вели Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде