За ПЕНЗИОНЕРИТЕ со пензии до висина на минималната плата ќе има финансиска поддршка – вели Ковачевски

Државата ќе доделува дополнителна финансиска помош за пензиоенрите во Македонија, а одлуката се очекува да биде донесена деновиве на владина седница.

Владата според сознанија на Centar.mk се очекува да исплати дополнителна финансиска помош на сите пензионери кои примаат пензија до минимална плата.

Пензионерите кои добиваат пензија која не е поголема од 20.175 денари ќе добијат финансиска помош во следниот период,

а за сумата и траењето на поддршката се очекува да се произнесе Владата со прецизна одлука.

Покрај оваа помош, пензионерите може да се надеваат на ново покачување на пензиите два пати следната година и тоа во март и септември.

– За пензионерите со пензии до висина на минималната плата ќе има финансиска поддршка, најави премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи.

– Зголемени плати ќе имаат и работниците во целиот јавен сектор, тврди Ковачевски во својата фејсбук објава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде