Левица направи инцидент во Собранието, откако нивните пратеници Борислав Крмов и Димитар Апасиев фрлија амандмани, скршија монитор и микрофон.
Потоа дел од пратениците се пожалија преку медиумите дека нивните колеги од Левица оставиле хаос во собраниската сала.
Инцидентот го искоментира и професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи.
„Поддржувачите на СДСМ многу се загрижија за уништувањето на државниот имот, ама ич не им е гајле што Собранието се самоукинува.
Исто вака за државниот имот беа загрижени поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кога ги боевме институциите.
Нема разлика меѓу глупи луѓе.
Не е важно со која партија се.
Глуп човек си е глуп човек со која и боја да го офарбаш.“, напиша Најчевска.