Доктор Беќаровски до Битиќи: Едно прашање до Вас, дали вие функционерите во 2023 година работевте за 78% подобро?

Доктор Нико Беќаровски со иронично прашање кон вицепремиерот Фатмир Битиќи откако тој деновиве изјави дека платите на судиите ќе ги зголемат кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети .

Беќаровски јавно го постави прашањето очигледно алудирајќи дека и лекарите заслужуваат повисоки плати, не само функционерите! 

– Почитуван г-не Фатмир Битиќи, со сета должна почит кон Вас, дозволете да Ви поставам едно едноставно прашање.

Дали тоа што барате подобри услуги во здравството како предуслов да ни ги зголемите платите, значи дека според Вас,

судиите и Вие функционерите во 2023 година работевте за 78% подобро отколку во 2022 година? – порача докторот на својот фејсбук профил. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде