Едно лице загина, а најмалку шест се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 15 часот на магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце.
Според министерството за внатрешни работи (МВР), во несреќата учествувале минибус од марката „мерцедес” со косовски регистарски ознаки,
управуван од Р.Х. (63) од Косово и патничко возило „голф” со скопски регистерски ознаки, управувано од Ф.И. (19) од Скопје.
„Двајцата возачи, како и четворица повредени патници од Косово, биле итно пренесени во комплексот Клиники „Мајка Тереза” за укажување на помош, а двајца најтешко повредени се префрлени во ГОБ „Св. Наум Охридски”.
Една од нив, К.А. (67) починала од здобиените повреди.
Извршен е увид од СВР Скопје и известен јавен обвинител, а возачот Ф.И. е уапсен“, информира МВР.