Фрчкоски се разведува со сопругата Ирена

Професорот Љубомир Фрчкоски (65) кој е шеф на Мисијата на Македонија при Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк и неговата сопруга Ирена, која е правничка по професија, се разведуваат по околу 19 години брак, објави Фокус.

Како што дознава „Фокус“ од добро упатени извори, парот се разделил спогодбено и останале во коректни односи.

Ирена останува во Скопје, додека пак Фрчкоски е во Америка, каде замина пред повеќе од една година. Родители се на две деца, син и ќерка.

-Тие заеднички ја донесоа оваа одлука и остануваат во коректни односи.

Разводот е спогодбен, сепак Ирена и Љубомир заедно поминаа речиси две децении, и во име на тие заеднички години и убави моменти и спомени кои ги имаат, на достоинствен начин се носат со оваа одлука – вели изворот за Фокус.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде