Скандал во основно училиште во Сурдулица.
Според сознанијата на воспитно-образовните работници, меѓу учениците кружи снимка од орален секс од ученик од шесто одделение, пишуваат српските медиуми.
Според непотврдени информации, снимката била направена во една од училниците.
Во училиштето се преземени сите мерки, информирани се родителите и полицијата.
Од Вишото јавно обвинителство велат дека сè уште официјално не се информирани за настанот.