СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со интензитет од 7,1 степен според Рихтеровата скала ги погоди Маријанските Острови во Тихиот Океан

Земјотрес со интензитет од 7,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Маријанските острови во Тихиот Океан, соопшти Американскиот геолошки институт.

Институтот соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 12,4 километри.

Досега не е издадено предупредување за цунами на островите, ниту во околните земји.

Да потсетиме, предмалку земјотрес повторно ја стресе Македонија.

Земјотресот е регистриран во 11 часот и 10 минути и тоа со јачина од 2,5 степени според Рихтер.

Епицентарот е 14 километри југоисточно од Ресен или 88 километри источно од Елбасан, Албанија и на длабочината е 10 километри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде