Новиот пакетот со антикризи мерки ќе биде разгледан на седница на Владата во вторник следната недела, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Одговарајќи на новинарско прашање, министерката рече дека седницата на Владата е закажана за во вторник и оти со мерките ќе бидат опфатени голем број граѓани и приватниот сектор.
-Во вторник ќе има информација што се содржи новиот пакет антикризни мерки, рече Тренчевска, која со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски е во посета на Кавадарци.
Според најавите, во антикризните мерки ќе бидат опфатени најранливи категори на граѓани и пензионери со минимална пензија.
До крајот на годинава во Буџетот се предвидени 75 милиони евра за антикризни мерки, а за идната година дополнителни 55 милиони евра пред се
за продолжување на субвенционирањето на цената на електрична енергија, рече премиерот Димитар Ковачевски, минатата недела во телевизиско интервју.