Полицијата извести дека вчера во 10.30 часот е пријавено дека во својот дом во Скопје,
при чистење на службениот пиштол, Г.А.(46) од Скопје, полициски службеник, испукал еден куршум и се здобил со повреда на нога.
Тој бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.