Како што најавивме дури од пред речиси десетина денови тоа и ќе се оствари, снежниот бран доаѓа!
Во следните часови најпрвин на повисоките места и на планините во Македонија врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, попладнето и вечерва тие насекаде полека ќе преминуваат во обилни врнежи од снег и во најголем дел од Македонија ќе се формира снежна покривка.
На пониските места (градовите) се очекува формирање на снежна покривка од 5 до 10 сантиметри, во западните предели понекаде таа ќе биде и поголема, а во централните и во југоисточните предели се очекува формирање на снежна покривка од под 5 сантиметри.
На Скијачките центри и на планините се очекува формирање на снежна покривка дури од 30 до 50 сантиметри и ќе биде идеално за скијање. “Македонија пат” да бидат подготвени, снежниот бран доаѓа!
Мора да напоменеме дека со ова големо заладување очекуваме и силен северен ветер (локално и повремено со брзина дури до 90 км/час), па така можни се дури и штети поради силниот ветер кој се очекува.
Во понеделник наутро температурата понекаде ќе се спушти дури и под -10 степени, објави Попоски, па објави фотографии од утрински врнежи од снег:
Започна снежната бајка на Скијачките центри, Попова Шапка утринава