Вистинска зимска идила: Започнаа врнежите од снег во скопскиот регион

Снег во овие моменти вее без престан на планината Водно во Скопје.

Според фотографиите, но и глетката на сите граѓани кон планината во главниот град таму има речиси вистинска снежна идила во овие моменти.

Препораката за сите оние кои се слободни, се љубители на снегот и имаат мали дечиња, да се упатат кон планината каде ќе поминат време заедно.

Инаку УХМР снег најавува и во пониските делови во Скопје и тоа вечерва почнувајќи од 19 часот.

Во овие моменти снег врне и на Попова Шапка и Маврово.

Фото Курир.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде