Со „Порше“ излетале од патот, пет тинејџерки пренесени во болница

Четворица тинејџери се повредени во тешка сообраќајка што се случи ноќеска во скопската населба Аеродром, двајца од нив се со потешки повреди, хоспитализирани во скопските клиники.

Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.„Симеон Кавракиров“ и ул.„Венијамин Мачуковски“ патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје“, информираат од полицијата.

Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде им биле констатираните повредите.

 Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде