Еве кога пензионерите ќе добијат покачyвање од 5.000 денари на cвоите сметки!

Пензии повисоки за 5.000 денари во првата година, релокација на 250 милиони евра годишно кон општините за капитални проекти, предвидлива даночна политика и за домашните и за странските фирми,

особено кај данокот на профит преку негово олеснување, енергетски базен центар кој ќе произведува 50 отсто од потребите на Македонија, како и посебно министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Ова се само дел од нештата кои ги спомена претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски на денешниот панел на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањаа „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Сакам да ги споменам пензионерите кој што ги гледаме со месеци буквално измрзнати, гладни чекорат по плоштадите и улиците барајќи правична распределба на средствата од буџетот, барајќи линеарно зголемување на пензиите кои што тие во оние средби кои што јас ги имав со нив изминативе два месеци го поставија тој праг на околу 5.000 денари, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ која е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Претседателот Мицкоски во текот на своето обраќање најави дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ во рок од една година ќе ги зголеми линеарно пензиите од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија.

-Преку една дебата која што ја водиме во рамките на партијата во изминатиот период и преку оние информации кои што ги имаме за моменталната состојба на буџетот, но и за очекувањата за обврските во периодот што следи можам да кажам дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ во рок од една година линеарно ќе ги зголеми пензиите од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија.

И ова е ветување кое што сакам да го дадам од оваа говорница, од оваа трибина дека во рок од една година од изборот на влада на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите ќе ги добијат линеарно тие 5.000 денари зголемување на пензиите, потенцираше Мицкоски.

Toj порача дека пензионерите го заслужуваат тоа.

-Наместо тие сега да ги чуваат внуците или да уживаат во своите пензионерски, заслужени денови, ги гледаме како премрзнати, гладни протестираат на плоштадите и низ улиците, додаде Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде