Важна информација за сите кои патуваат: Поради превртена приколка од камион во прекин е сообраќајот на овој патен правец

Поради превртена приколка од камион во прекин е сообраќајот на патот Валандово – Демир Капија кај местото Јаворица.

Како што информираат од АМСМ, утрово од 07:20 часот сообраќајот е во прекин во двата правца. 

Дополнително, како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, предвидено е привремен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница – мост на река Блидеш во период од 12 до 16 часот.

-По минирањето, патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта,

а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат, известува АМСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде